5.8 C
Скопје
08:28 - 27 октомври, 2026

Перо Камиказа октри дека помислил да си го одземе животот, ова е голготата низ која поминал

Музичарот Перо Камиказа откри дека помислил да си го одземе животот, кога поминал 17 дена во болница, на Клиниката за кардиологија.

Петар Георгиевски- Камиказа, лидерот на групата „Меморија“, гостуваше во емисијата „Животна приказна“ на ТВ, и водителката Здравкица Милиќ го праша: „Како изгледаа тие 17 дена накратко во болница, какви голмови ти се вртеа?“

-Трауматично, многу трауматично, бидејќи можете да замислите како е еден хиперактивен лик да го ставите во кревет. Дури во еден момент ми дојде една суицидна идеја, многу кратка.

Но, таму имаше една девојка Сабина која ми го истера тоа во секунда од главата. Зашто ми кажаа дека 10 дена ќе лежам, но кога ми кажаа уште седум дена, тоа за мене беше навистина премногу“, рече музичарот.

Перо Камиказа, кој е пасиониран спортист, во 2018 година раскажа како се спасил од тешката болест, по 17 дена поминати на Клиниката за кардиологија. На 20 ноември таа година, Камиказа бил згрижен на Кардиологија со дијагноза пулмонална емболија со тромбофлебит во левата нога.

-Седумнаесет дена поминав во кревет без никакво движење,токму на овој кревет што го гледате. Нешто најтешко за мене во изминатиов период од животот. Но, помина. И не е сѐ готово.

Сега треба мирување домашно од месец дена и потоа како резултатите ќе кажуваат, враќање со минмален физички напор во наредните три месеци. Значи ништо не е готово додека не е готово. Или како ќе кажат наодите“, напиша во 2018 Перо Камиказа, споделувајќи слика од болничкиот кревет и од него во тоа време.

Перо Камиказа во емисијата „Животна приказна“ Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....