11.8 C
Скопје
13:43 - 27 октомври, 2026

Пекмез од сливи без шеќер — едноставен рецепт од само една состојка

Сезоната на сливи е идеална можност да подготвите домашен пекмез, а за овој едноставен рецепт нема да ви бидат потребни ниту шеќер ниту долго стоење покрај шпоретот.

За подготовката се користат само зрели сливи, чија природна сладост е доволна за да добиете вкусен и густ пекмез. Наместо класично варење и постојано мешање, сливите се печат во рерна, што значително го олеснува целиот процес.

Иако основниот рецепт содржи само една состојка, по желба вкусот можете да го збогатите со цимет, каранфилче, ванила или малку чоколадо.

Состојки

  • 4 килограми зрели сливи

Подготовка

Сливите добро измијте ги, отстранете ги семките, а потоа сомелете ги во машина за мелење месо или изблендирајте ги.

Подготвената смеса префрлете ја во длабок сад погоден за печење. Поклопете го садот или покријте го со фолија, па ставете го во рерна загреана на 180 Целзиусови степени.

Пекмезот промешувајте го на секои 30 минути. Ќе знаете дека е готов кога смесата ќе се згусне, а нејзината почетна количина ќе се намали приближно за половина.

Готовиот пекмез, додека е сè уште топол, распоредете го во претходно стерилизирани тегли и добро затворете ги.

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....