8.8 C
Скопје
21:05 - 7 март, 2026

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

Сузана Манчиќ (69), име кое со децении е синоним за убавина и шарм, некогаш беше една од најпознатите жени во поранешна Југославија, а и денес важи за една од најпрепознатливите јавни личности во регионот. Како позната Лото девојка, таа ги освои срцата на илјадници гледачи и стана вистински сон за многу мажи.

Нејзиното присуство на малите екрани беше неизбежно, а шармот и убавината беа нејзин заштитен знак. Со повеќе од четири децении кариера во светот на забавата, Манчиќ и понатаму ја интригира јавноста, која со интерес ги следи и нејзиниот професионален, но и приватниот живот.

Иако телевизиската кариера ѝ беше исполнета со бројни успеси, нејзиниот приватен живот често беше тема на медиумско внимание. Српските медиуми неодамна повторно ја ставија во центарот на вниманието, откако таа откри колкава пензија прима.

„Некогаш имаш пари па си дозволуваш нешто што го сакаш, но и да немаш не е страшно. Страшно е кога немаш за лекови и за основни работи. Фала му на Бога, пензијата си стигнува. На некого му кажав колкава ми е пензијата, па порталите ‘гореа’ со наслови дека е скандалозна – 450 евра. Па добро, за ‘не дај Боже’. Луѓе живеат и со толкава пензија“, изјавила таа.

По повеќе од 50 години работа, Манчиќ вели дека е горда на сè што постигнала.

„Имав рационален и штедлив период – половина од заработката ја трошев, а половина ја штедев. Од таа пензија може да се живее, особено ако работиш и нешто дополнително“, додала водителката.

Слични објави

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....