6.8 C
Скопје
05:55 - 31 март, 2026

Оскаровката Џулијан Мур е претседателка на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција, 79 издание

79-то издание на Филмскиот фестивал Венеција доби свој претседател на жирито за главниот натпревар. Тоа е оскаровката Џулијан Мур, актерката која неодамна се појави во „When You Finish Saving the World“ во режија на Џеси Ајзенберг и која наскоро ќе глуми заедно со Себастијан Стен и Џон Литгоу во филмот на Бенџамин Карон „Sharper“.

Мур е ветеранка на венецијанскиот филмски фестивал: последен пат на Лидо беше во 2017 година кога глумеше во филмот Suburbicon во режија на Џорџ Клуни.

Во 2002 година таа беше наградена со Купот Волпи за најдобра женска интерпретација за Far From Heaven во режија на Тод Хејнс.

Актерката ќе биде претседателка на жирито составено од седум члена – тројца мажи и четири жени – во кое е и Одри Диван, добитничка на Златен лав во Венеција (78 издание) со „Хепенинг“. Во жирито ќе биде и иранската актерка Лејла Хатами, ѕвезда на „Разделба“ на режисерот Асгар Фархади.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julianne Moore (@juliannemoore)

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....