7.8 C
Скопје
10:05 - 1 април, 2026

Осамна поетично писмо на гробот на Бора Чорба: „Поважен од секој лик, име погласно од секој крик“

На 4 септември почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтмен на групата „Рибља чорба“. Зад себе ги остави неутешната сопруга Дубравка, синот Борис и ќерката Тамара. Тој остави неизбришлива трага и во музичкиот свет.

Погребот на пејачот беше извршен минатата сабота, на 7 септември, на Градските гробишта во Чачак.

И неколку дена по погребот, фанови од целиот регион доаѓаат на гробот на Бора и носат различни подароци.

Големо внимание привлече писмо во корпа со бели маргаритки, а кое го напишал извесен маж од Нови Сад и тоа во римувана форма (на српски јазик).

„Ете, се најде и твојата слика на страниците на секој неделник и не е некоја прилика, но на својот Чачак остана гордост. Поважен од секој лик, име погласно од секој крик, но ете, се најде и твојата слика на страниците на некој неделник. Ти помогна самиот Бог да бидеш под зелената трева на домот свој. Ова не е проштална песна, иако ти е вечно „вољно“, ќе ти пишам јас пак, сега немав доволно хартија. П.С. Ветувам, ќе биде помалку патетично, само сега таква ми е состојбата“ – гласат стиховите на извесниот маж, пишува српски Курир.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....