7.8 C
Скопје
17:56 - 28 март, 2026

Организаторите на наградите „Златна малина“ ја поништија наградата за најлош филм на Брус Вилис

Организаторите на наградите „Златна малина“, кои „му оддаваат почит“ на најлошиот филм на годината, ја поништија наградата што му ја доделија на Брус Вилис, откако неговото семејство потврди дека глумецот се бори со афазија, пренесува Дејли мејл.

„По долго размислување и разгледување, Златна малина донесе одлука да ја укине наградата што му беше доделена на Брус Вилис, поради неодамна објавената дијагноза. Ако нечија здравствена состојба е фактор во донесувањето одлуки и/или перформансите, признаваме дека не е соодветно да му ја дадеме наградата“, се вели во соопштението на организаторите.

Организаторите на „Златна малина“ годинава го номинираа Вилис за осум негови филмови од 2021 година во категоријата што годинава го носеше неговото име – „Најлошата изведба на Брус Вилис во филм од 2021 година“.

Cемејството на Вилис објави дека тој се повлекува од глумата поради дијагностицирана афазија. Како што се истакнува, тој се соочува со одредени здравствени проблеми кои се одразиле на неговите говорни и когнитивни способности.

Слични објави

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....