7.8 C
Скопје
00:33 - 31 март, 2026

Олаф Шолц во скандал: На забава со учество на Шолц, жени биле дрогирани со „дрога за силување“

Најмалку пет жени биле дрогирани на настан на кој присуствувал и германскиот канцелар Олаф Шолц. Инцидентот се случил на летна забавана на фракцијата на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на 6 јули. Ова го изјави берлинската полиција, која започна истрага по жалбите на жртвите, пишува порталот Тагесшау.

Полицијата нагласи дека до утрото на 7 јули се регистрирани пет жртви: органите на редот трагаат по злосторниците. За нагласување е дека на забавата покрај илјадата поканети гости, присуствувале и највисоките рангови на партијата, вклучително и канцеларот Олаф Шолц.

Една од девојките се пожалила дека се чувствува лошо, имала вртоглавица и се жалела дека го изгубила помнењето по учеството на забава, објаснуваат истражителите. На забавата јадела и пиела, но не пиела алкохол. До крајот на настанот ѝ се слошило, а следното утро жртвата не можела да се сети на изминатиот ден. Направен е токсиколошки преглед, но резултатите се уште не се достапни.

„Ова е монструозен инцидент, кој од наша страна веднаш беше пријавен во полиција“, рече лидерот на фракцијата на СПД, Матијас Мартин, во писмото до пратениците и партиските вработени.

Германските весници известуваат дека не станува збор за само пет жени туку можеби и повеќе од десетина кои на забавата добиле специјален вид на дрога која меѓу другото служи и за силување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olaf Scholz (@olafscholz)

Шолц со скандалот сега е на тенок мраз. Претходно беше објавено дека Германците го повикале Шолц да поднесе оставка поради неговите зборови за Руската Федерација и гасот. Тој го нарече „социјален експлозив“ зголемувањето на цените на парното во Германија во услови на ограничувања за купување руска енергија.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....