05:33 - 7 април, 2026

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Српскиот пејач Ацo Пејовиќ вчера на прес конференција во Скопје раскажа една уникатна случка од негов неодамнешен концерт во Хрватска. Една неговата обожавателка која е бремена, го замолила да го открие полот на нејзиното бебе, што тој со задоволство го направил.

-Таа ми даде некој плик во рацете, и прво не знаев за што се работи. Ми рече да го откријам полот на нејзиното бебе. Ми рече: „Ацо, твојот нов обожавател е во мојот стомак“. Те молам кажи ни го полот. Но, јас и пред да го отворам знаев дека е девојче зашто дома имам три девојчиња. Секогаш повеќе верувам во жените- рече пејачот кој на 27 декември ќе одржи концерт во Скопје, во Арената „Борис Трајковски“.

Пејовиќ ги изненади медиумите со негова изведба во живо на „Македонско девојче“ но и на два негови хита, а едниот од нив е „За Љиљану“, песна која ја испеа во филмскиот хит „Тома“, за животот на легендарниот пејач Тома Здравковиќ.

-Не сакам однапред да зборувам за гостите на концертот, тогаш не би биле изненадувања – рече Пејовиќ. На прашањето, на што е најгорд изминатава година, тој рече дека тоа се успесите на неговите ќерки. За песните од филмот „Тома“ рече дека му биле голем чекор напред.

-Би сакал и по сто години да ме паметат по тоа. Кога ќе се слушне некоја песна што сум ја испеал во филмот, луѓето да кажат: „Ете, тоа е оној пејач, оној Ацо Пејовиќ“.

Концертот на 27 декември го организира продукција „Балјан медиа“, а Пејовиќ. по четврти пат доаѓа во Скопје пред Нова година.

-Со Ацо имаме посебна конекција уште од кога се запознавме, преку менаџерот Бане Обрадовиќ, тој е еден од нашите најдобри пријатели и соработници – рече менаџерот Кристијан Стефановски.

Ацо Пејовиќ со менаџерот Кристијан Стефановски Фото / Приватна архива

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....