13:08 - 19 декември, 2025

Нови детали за несреќата на патниците кои биле во подморницата: Загинале во секунда?

Откако на 4.000 метри беа пронајдени остатоците од подморницата која исчезна во неделата во Атлантскиот Океан, речиси сигурно дошло до експлозија, соопшти синоќа американската крајбрежна стража.

Тоа значи дека петте патници немале шанси да преживеат.

И покрај тоа што деталите за целата трагедија најверојатно ќе се утврдуваат со месеци, експертите нагласија дека претходно се сомневале во теоријата дека подморницата експлодирала со оглед на тоа дека не е регистриран силен подводен звучен бран што би укажал на таков настан.

Аналитичарите и медиумите се занимаваат со тоа што всушност е имплозија и што претставува.

„Кога притисокот се зголемува во затворениот простор, тој оди нанадвор како експлозија. Ова најдобро може да се објасни со примерот на балон. Ако премногу го надувате балонот, во одреден момент кога материјалот повеќе не може да го поднесе ’стресот’, тој пука – објаснува анализата на АС.

За разлика од тој процес, имплозијата има различен начин на дејствување.

„Имплозија на подморница се случува кога надворешниот притисок што го врши длабоката вода станува преголем за структурата на подморницата да може да се справи со него. Ова води до фактот дека подморницата брзо се уништува или имплодира“ – се наведува.

Она што многумина ги интересира е што се случува со човечкото тело во тој момент, а факт е дека настаните можат да варираат, но примарни проблеми се огромниот притисок на водата и брзата промена на притисокот. Притисокот може да предизвика колапс на просторите кои во телото се исполнети со кислород, додека брзите промени на притисокот може да доведат до декомпресијски болести.

За жал, исходот бил многу пофатален бидејќи имплозијата се случила на длабочина од 4.000 метри, а екстремната разлика во притисокот предизвикало воздухот во подморницата брзо да се загрее, предизвикувајќи сериозни изгореници.

Човечкото тело е исто така подложно на трауматски повреди поради ненадејни промени во притисокот што резултира со моментална смрт. Сите остатоци, и од подморницата и од човечки тела, ќе бидат со тек на време затрпани со со седимент на дното на океанот, пишуваа странските медиуми.

 

Слични објави

„Се онесвестив и ја удрив главата во мијалникот“: Сања Маринковиќ доживеала вистински кошмар пред големо патување

Еспресо

(Фото) Уникатна и секси на настап: Каролина Гочева во досега невидено издание

msp-admin

„Полошо е кога те изневерува со ист пол, верувајте ми“: Кија Коцкар за шокантни детали од бракот со Слоба Радановиќ

Еспресо

„Доживеа инфаркт и ми падна во раце“: Ова е најголемата трагедија во животот на Емина Јаховиќ

Еспресо

Не биле блиски: Викторија Лоба проговори за татко ѝ во Русија

msp-admin

(Видео) Талентирана како својот татко: Дарко Лазиќ свиреше на клавир со малата Срна

Еспресо
Се вчитува....