-3.2 C
Скопје
03:38 - 23 декември, 2024

Нови детали за „Катаргејт“ во Европскиот парламент: Мецола ја суспендираше Каили од позицијата потпретседател; италијански европратеник имал одмор од 100 000 евра

На 21 ноември во Европскиот парламент, потпретседателката отворено се залагала за катарската кауза, прогласувајќи ја земјата за „шампион на работничките права“ во арапскиот свет.

За таканаречниот Катаргејт, продолжуваат да се појавуваат нови детали кои се чини дека ја влошуваат позицијата на европските парламентарци вклучени во случајот со корупција од страна на заливската земја. За потпретседателката на Европскиот парламент, Гркињата Ева Каили, која веќе била запрена од белгиската полиција и во чиј дом наводно истражителите пронашле вреќи со готовина, се дознава дека на 21 ноември во Европскиот парламент таа се залагала за катарската кауза прогласувајќи ја земјата за „шампион за работничките права“ во арапскиот свет и пошироко.

„Денес Светското првенство во Катар е доказ за тоа како спортската дипломатија може да постигне историска трансформација во една земја, со реформи кои го инспирираат арапскиот свет. Реков дека Катар е шампион на работничките права, со укинувањето на кафала (дозвола на работодавачот потребни за напуштање на Заливот) и воведување на минимална плата, рекла Каили нагласувајќи дека Катар ја покажал својата визија и се отворил кон светот.

„Тие се обврзаа на визијата и се отворија кон светот. Сепак, некои овде бараат да бидат дискриминирани, ги малтретираат и го обвинуваат секој што разговара со нив за корупција. Но, тие го купуваат нивниот гас и имаат компании кои прават милијарди во Катар“. „Немаме морално право да држиме предавања за да бараме медиумско внимание и не наметнуваме сопствени модели, туку ги почитуваме“.

Мецола ја суспендираше Каили во својство на потпретседател на Европскиот парламент.
„Во светло на тековните судски истраги од страна на белгиските власти, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, одлучи веднаш да ги суспендира сите овластувања, должности и делегациски задачи на Ева Каили во својство на потпретседател на Европскиот парламент“- соопшти портпаролот на Мецола, Јури Лаас.

По тековните истраги, групата S&D (социјалисти и демократи, главната левичарска група во Европскиот парламент) побара да ја замени Ева Каили како потпретседател „за да се заштити респектабилноста на институцијата и довербата на граѓаните“. Претседателката на Групацијата, Иратсе Гарсија Перез, тоа го објави преку твит. „Социјалдемократите ќе побараат нова точка на дневниот ред на следната конференција на претседателите на ЕП, врз основа на чл. 21 од внатрешниот правилник“.

Поранешниот европратеник, Италијанецот Антонио Панѕери е меѓу осомнечините во истрагата во Брисел, а наводно користел „генијални и честопати неточни методи за да ги постигне своите цели“. Неговата сопруга Марија Колеони е приведена заедно со нејзината ќерка во нивниот дом во Калуско Д’Ада, во провинцијата Бергамо. За двете жени имало сомнение за заговор за извршување кривично дело, корупција и перење пари. Во обвинувањата се појавува и одмор за семејството Панѕери кој чинел „100 илјади евра“. Самиот Панѕери пак, е осомничен дека интервенирал „политички кај членовите“ кои работат во Европскиот парламент „во корист на Катар“.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....