11:44 - 8 април, 2026

Носталгична приказна за Панчо и Андреј од ДНК, во неа е и Влатко Илиевски

Уште една носталгична приказна за Панчо и Андреј од дуото „ДНК“ се појави на социјалните мрежи, а во неа е и пејачот Влатко Илиевски.

Владимир Блажев-Панчо почина на 14 октовмри откако седум месеци се бореше во скопска болница по трагичниот пожар во Кочани на 16 март. Андреј не успеа да се избори и почина брзо по пожарот.

Во пожарот загинаа и гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, клавијатуристот Филип Стевановски, инаку директор на Центарот за култура во Штип и Мартин Атанасовски, кој настапуваше со бендот како битбоксер.

ДНК често на своите настапи знаеја да испеат песна од Влатко Илиевски, миленикот на публиката кој почина на 6 јули во 2018 во Скопје. Токму спомен на Влатко и на ДНК оживеа Тина Мицковска, диџејка, вработена во „Зоолошка градина-Скопје“ и активист за правата на животните.

Фото: Фејсбук

Мицковска веќе неколку недели црта виртуелни графити за кои се надева дека еден ден ќе станат вистински, со стихови од македонски песни како поддршка на македонската музика и на  македонските пејачи и автори.

Фото / Инстаграм

-Македонски музички вирутелни графити part 3. Да не ги заборавиме нашите Панчо, Андреј, Сара, Влатче. Да се потсетиме на сите убави песни од „наше” време (ова наше е релативно).
И секако уште еднаш поддршка за македонската музика, да ги мотивираме нашите музички артисти да творат уште повеќе – напиша таа на Инстаграм. Песните чии стихови се испишани се „Најбогат на свет“ од Влатко Илиевски и „Што сака нека биде“ од ДНК.

Фото / Инстаграм

 

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....