11.8 C
Скопје
11:18 - 28 октомври, 2026

Нина Бадриќ повторно воодушеви со беспрекорниот изглед, изгледа како холивудска дива

„Некои луѓе едноставно го имаат она што не може да се одглуми. Ти си една од нив.“ Вака гласеше еден коментар на фотографиите што ги објави Нина Бадриќ, а многумина се согласија со тоа.

Пејачката во впечатлива сина комбинација изгледаше спектакуларно. Нејзиниот изглед го сочинуваат здолниште кое всушност изгледа како панталони, топ и долги ракавици во најпопуларната боја на сезоната, а целокупниот впечаток го надополнила со елегантна фризура и впечатлив ѓердан.

Нејзиниот моден избор предизвика лавина позитивни коментари, а обожавателите ѝ порачаа дека е „дива“ и „прекрасна“. Поддршка во коментарите ѝ даде и колешката Јелена Розга.

Нина Бадриќ пред својот настап на една од најубавите сцени на Јадранот, тврдината „Свети Михаил“ во Шибеник, со своите следбеници на Инстаграм сподели вест за уште еден распродаден концерт, не криејќи ги емоциите што ги има кон шибеничката публика.

„Третпат распродадена тврдината „Свети Михаил“. Трипати истата љубов, сè посилни емоции и публика која секојпат ми покажува зошто музиката има смисла“, напиша Нина покрај серијата фотографии направени на историската шибеничка тврдина, на кои позира во модна комбинација што привлече големо внимание на социјалните мрежи.

 

 

Слични објави

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо
Се вчитува....