08:42 - 19 ноември, 2026

„Најголема победа е да израснат во добри луѓе“ – Сергеј Ќетковиќ отворено за посвојувањето на ќерките

Сергеј Ќетковиќ и неговата сопруга Кристина, по долгогодишната борба за потомство, решиле да посвојат две девојчиња, Лола и Мила. Денес нивните ќерки се тинејџерки, а пејачот не крие колку тие го промениле и разубавиле животот на целото семејство.

Сергеј еднаш во емисијата „Од профил“ кај водителката Весна Милановиќ отворено зборуваше за процесот на посвојување, за родителството и за растењето на неговите ќерки.

Како што истакна, Лола и Мила од првиот ден ги доживува како деца што тој и Кристина ги „родиле од срце“.

„Така е, ништо не сум ги излажал, ги родивме од срце, но буквално. Од првиот ден кога Кристина и јас си кажавме еден на друг „да“, желбата да станеме родители беше тука. По не знам колку години барање и обиди да стигнеме до целта, на крајот се случи она што требаше да се случи“, раскажа Сергеј.

Пејачот со гордост зборува за своите ќерки и истакнува дека најважно му е какви луѓе ќе станат.

„Родени од срце се и Лола и Мила. Толку сум среќен, благодарен и горд што имаме многу добри деца, во смисла на добри луѓе. Мислам дека најголемата победа е кога од децата ќе направиш добри луѓе. Не е важно училиштето, факултетите, важно е да ги изведеш на вистинскиот пат и од нив да направиш добри и квалитетни луѓе“, рече Сергеј.

Лола и Мила денес имаат 13 и 14 години, а Сергеј откри и како разговарал со нив за нивното потекло. За него било важно посвојувањето никогаш да не биде тема за која ќе се молчи или нешто поради што децата би се чувствувале поинаку.

„Инаку, не сакам да ја раскажувам оваа приказна, бидејќи не гледам ништо квалитетно во тоа да одам по телевизии и да зборувам за тоа. Мојот живот, среќата, задоволството и мојот свет не се доволни некому да му покажат што е важно во животот. Важно е семејството и важни се децата, а тогаш залудно е сето мое зборување“, бил искрен пејачот.

Слични објави

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо

Соседите на Александра Пријовиќ откриваат што се случува во населбата по палењето на џипот: „Ова е мафијашка пресметка“

Еспресо
Се вчитува....