11.8 C
Скопје
10:07 - 28 октомври, 2026

Емина Јаховиќ потрошила милион евра за нов стан, а веќе мисли да се сели: „Што ми требаше ова, зошто сум овде?“

Пејачката Емина Јаховиќ издвоила околу еден милион евра за нов недвижен имот од 100 квадратни метри, со прекрасен поглед кон Босфор.

„Емина е вистински номад. Не ја држи место, па речиси на секои две години се сели од едниот крај на Истанбул на другиот. Додека за другите луѓе преселбата е вистински кошмар, Емина обожава да го менува местото на живеење. Ѝ годи да го менува просторот и ентериерот во кој живее, а никако не ѝ одговара долго да остане на едно место. Овојпат се одлучи на целосна промена, па од азискиот дел на градот се пресели во европскиот. Имаше толку многу работи што преселбата траеше речиси два месеца, што прилично се одолжило“, рекол извор за „Курир“.

Stan Emine Jahović

„Во стариот стан во азискиот дел Емина имаше целосен мир. Беше опкружена со шума и зеленило, а сега е во центарот на случувањата, гужвата и хаосот. Нејзиниот нов стан се наоѓа во населбата Бејоглу, во близина на познатиот Таксим. Сместен е во една од најлуксузните згради и има прекрасен поглед кон Босфор. Има површина од 100 квадратни метри и вреди околу еден милион евра. Тоа лесно може да се провери. Емина е воодушевена од станот и погледот и сè уредила според сопствениот вкус. Единствено што ѝ пречи е огромната бучава, но полека и на неа се навикнува. Пријателите ѝ велат дека не треба да се нервира бидејќи и онака по две години повторно ќе се пресели на некоја нова локација“, заклучува изворот.

Stan Emine Jahović

И самата Емина потврдила дека од неодамна ужива во својот нов дом.

„Јас инаку се селам на секои две години. Сакам да се селам. Тоа ми се допаѓа, а некако таква ми е и судбината – да се селам. Сакам да го менувам просторот и ентериерот во кој живеам, зависно од моето расположение. Понекогаш сакам да биде потемно, а понекогаш посветло. Не сакам долго да бидам на едно место. Имам прекрасен поглед кон Босфор и се чувствувам феноменално кога ќе се разбудам наутро, но бучавата е неверојатна. Помислив: ‘Што ми требаше ова, зошто сум овде?’ Велат дека и слухот со текот на времето се приспособува на тоа, па ќе видиме. Во секој случај, повторно ќе се преселам, но засега ми е убаво“, порачала Јаховиќ.

Stan Emine Jahović

Stan Emine Jahović

1708818.jpg

Stan Emine Jahović

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Слични објави

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо
Се вчитува....