6.8 C
Скопје
08:43 - 1 април, 2026

Николина Пишек за последните денови на сопругот Видоје: „Го молев да оди на преглед“

По големата семејна трагедија и загубата на сопругот, Николина Пишек по десет години живот во Белград со осумгодишната ќерка Софија Уна се вратила во Загреб, бидејќи немале каде да живеат.

-Кога почина мојот сопруг, се најдовме буквално без ништо, на улица. Од станот во кој живеевме со Видоје не ни дозволија да земеме лични работи, дури ни играчките на Софија. Знаев дека од тој момент морам да ги земам работите во свои раце, да се борам со животот, па што ќе се случи. Сепак, во ниту еден момент не помислив дека нема излез. Софија отиде на училиште во Загреб – вели водителката која е вработена во телевизијата РТЛ.

– Во еден миг, совршенството може да се претвори во страшно зло, што и мене ми се случи. Веројатно е можно и спротивното, сигурно има такви случаи, но не сум слушнала за нив. Јас и ќерка ми доживеавме пекол по трагедијата, бевме малтретирани и незаштитени, рече таа.

Николина имаше речиси филмска љубовна приказна со Видоје, која започна интензивно и беше таква до самиот крај.

– Го паметам по прекрасни работи, беше посебен, различен, работеше многу на себе. Сигурна сум дека тој би бил фантастичен татко и само требаше да го преземе најголемиот дел од таа татковска улога, бидејќи татковците обично не се толку вклучени како мајките во првите месеци по раѓањето на бебето. Се знае колку девојчињата се врзани за татковците, а се плашам дека мојата ќерка повеќе нема татковска фигура, изјави таа.

Во деновите пред ненадејната смрт на Видоје ништо не ја навестувало трагедијата.

– Забележав дека дишеше малку потешко, но тоа му го препишав на недостаток на кондиција. Го молев да оди на преглед, пред тоа неколку пати беше на кардиолог и сите наоди беа нормални. Трагедијата најверојатно е предизвикана од нетретирана белодробна болест, која го зафати срцевиот мускул и претпоставувам дека тоа е последица на Ковид. Тој инаку беше во доста добра здравствена состојба – заклучила Николина, пренесува српски „курир“.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....