13.8 C
Скопје
13:27 - 17 март, 2026

Никол Пелц за притисокот врз Бруклин: „Требаше да ги задоволи сите со својата кариера“

Ако се викате Бекам по презиме, можно е како што ќе пораснете да го почувствувате притисокот од сето она што вашето име го носи со себе. Пред се, светска слава во фудбалот, модата и музиката. Доволно за стравот од неуспех да го замрзне секој личен моментум. Ова е делумно она што Бруклин Бекам го доживеа додека растеше, раскажано од неговата сопруга Никола Пелц во долгото интервју (и насловна страница) во августовското издание на магазинот „Татлер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

„Бруклин беше под голем притисок да ги задоволи луѓето со својата кариера и не му се допадна ова расположение“, изјави актерката.

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам првпат се обиде во кариера како професионален фудбалер, но неговото искуство заврши кога Арсенал не го потврди неговиот успех на 16-годишна возраст. Потоа почна да работи како модел, следејќи ги стапките на неговата мајка Пош Спајс, но околината која најмногу ја чувствувал негова е сепак, кујната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

„Може да се каже дека кога Бруклин е во кујната тој е во рајот“, изјави Никола Пелц за Татлер.

„Од пандемијата, сè што сакаше да прави и да зборува беше да биде во кујната, па еден ден почнав да го снимам. Реков: „Ова е она што го сакаш““.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

За време на пандемијата, Бруклин на Фејсбук започна лично шоу Cookin’ with Brooklyn, во кое ја сподели својата страст за готвење и неговите лични рецепти, кои, често предизвикуваат критики од готвачите и професионалците за готвењето, како недостигот на длабинско познавање на темата кај Бруклин.

Еден од советниците на Бруклин е таткото на Никола. „Многу е слатко. Гледам како му се јавува на татко ми и му вели: „Што мислиш за ова?“ Сакам да го гледам како учи од татко ми“.

 

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....