01:50 - 6 април, 2026

(Фото+видео) Необична приказна на Малта: Водителите Ване и Марко ја открија

Водителите Ване Маркоски и Марко Марк споделија многу необична приказна од нивното заедничко патување во Малта.

Шетајќи низ главниот град Валета, тие ги открија убавините на стариот дел од градот, а потоа рекоа дека насекаде има улични музичари. Токму еден уличен музичар, Ване и Марко покажаа во нивното видео.

Фото / Инстаграм

– Наидовме на магичен момент. Македонска песна во срцето на Валета. Топлина што веднаш ве допира – рекоа тие, а човекот кој свиреше го зема македонското знаме и ја запеа „Македонско девојче“. Тој исто така рече дека знае повеќе македонски песни, во друга инстаграм-приказна која водителите ја објавија.

Фото / Инстаграм

Неодамна, водителот Ване Маркоски раскажа интересна приказна со видео на неговиот фејсбук-профил.

– Додека се подготвував за емисија ова утро, се сетив дека на денешен ден во 2003 за првпат сум застанал пред камера. Еве сме и денеска, нов ден, 11 ноември, кафе во рака, насмеано, време е да ја истераме и 91. емисија во живо за 2025 – рече Ване Маркоски.

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....