11:53 - 29 март, 2026

Не сум твојата мама да ти слугувам: Сузана Гавазова со нова провокација

Сузана Гавазова доби специјално изненадување од сопругот Јасмин на 8.Март, меѓународниот ден на жената, но изненади и со провокативна женска порака.

Таа на својот Инстаграм-профил се сликаше со огромен букет бели рози од сопругот и на сите дами им го честиташе празникот. Пејачката токму на 8.Март ја објави и новата песна „Мама квин“ која ја сними на егозитични места на Малдивите. Сузана изгледа сексапилно во овој спот во кој преовладуваат интересни кадри. Автор на песната е Љупчо Антовски-Бубе.

Фото/Инстаграм

„Не сум јас твојата мама да ти слугувам, готвам, да страдам. Не сум твојата мама, јас сум, дама, јас сум дама. Нема јас да бидам твоја туку-така. 24/7 да сум ти под рака, кога ти ќе сакаш да сум твоја мами. Црно ‘Бентли’, апартаменти се клише за мене“, порачува фолк-пејачката во оваа песна.

Инаку, Сузана Гавазова беше на одмор на Малдивите со сопугот и со ќерките во јануари, и оттаму објави доста слики како заеднички уживаат во убавите плажи, а одморот, таа го искористи да сними и спот кој можете да го погледнете ТУКА. 

 

 

 

Слични објави

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.
Се вчитува....