5.8 C
Скопје
03:55 - 31 март, 2026

„Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“ – пораки од маршот за женски права во Скопје

Во чест на 8 Март во Скопје се одржува марш за женските права од каде што беа испратени пораки за заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.

Овие пораки јасно беа искажани преку пароли – „Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“ и „Држава што не постапува е држава што убива“.

„Да се биде жена во Македонија е да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш дали ќе го преживееме тој ден. Во 2023 година жените и девојките во државата ги мачат прашања кои ја прикажуваат реалната слика со родовата нееднаквост во земјата, порачаа жените од маршот.

Од пред Собранието ќе бидат испратени и пораки до законодавците.

Овој марш е протестен одраз на случувањата во нашата земја и колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед: од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените, порачаа од национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....