05:58 - 6 април, 2026

„Не е истото без твојата гитара брату мој“: Коки раскажа тажна приказна за Дуле

Срцепарателни зборови за својот починат колега Дуле од дуото „Дуле и Коки“, сподели Коки, 12 години откако Дуле почина.

За животот без неговиот Дуле, Николчо Јанков-Коки ќе раскаже во нова песна, која е автобиографска. Душан Љубисављевиќ- Дуле почина на 23 септември во 2013 година од канцер.

Гитарата си замина, остана само виолината од славното дуо, скромните момчиња од Штип кои во својот роден град во 1996 година на фестивалот „Макфест“ победија со песната „Виолина и гитара“.

Сега, Коки повторно ќе застане на истата сцена, но без Дуле. Ќе ја испее песната со тажен наслов „Виолина и…“, на „Макфест“ во чест на Дуле.

Фестивалот кој слави 40- годишен јубилеј ќе се одржи на 23, 24 и на 25 октомври.

На Инстаграм профилот на „Макфест“ е објавен дел од оваа песна која има тажен текст, а во неа Коки пее: 

„Ниту песна рана затвара, кога и да запеам на тебе сѐ ме потсеќа. Животот тече сѐ се менува, и не е исто штом ќе засвирам јас на гитарата. Исти кафани време различно, свириме до зори повторно, но не е истото, без твојата гитара брату мој“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....