18:38 - 30 јануари, 2026

Наташа Беквалац објави слика без фотошоп и прати моќна порака: „Не, не сум совршена“

Српската пејачка Наташа Беквалац важи за една од најубавите жени на балканската јавна сцена, а сега објави слика со и без фотошоп и испрати силна порака до оние кои ја следат.

– Убавина. Денес е приоритет и девојките, многу млади сѐ почесто да ги посетуваат пластичните хирурзи за да изгледаат како лицата на насловните страници. Имам потреба да ви го напишам ова бидејќи добивам безброј пораки од вас во кои ми давате комплименти за сметка на „совршениот“ изглед – напиша пејачката.

Instagram

– Мора да разберете дека ниту една жена на светот не изгледа совршено. За да се дојде до совршена насловна, а сѐ почесто и до фотографиите на Инстаграм, јавните личности имаат цел тим од професионалци кои работат на тоа. Шминкер, фризер, креатор, стилист, фотограф и секако финална обработка на фотографијата која ги отстранува сите несовршености, физички мани, ги отстранува брчките, ја исправа кожата и косата. Не заборавајте на совршеното осветлување, кое многу придонесува. Тоа е најважно – вели Наташа.

– Она што Фотошоп сигурно го нема е моќта да ни ја доцрта харизмата, духот, „тоа нешто“, внатрешната убавина, добрината… останатото е можно! Девојки, ви ја прикажувам мојата необработена фотографија и онаа што би се појавила во јавноста – порача пејачката.

– Не, не сум совршена и не дозволувајте некоја од нас да ви создава комплекси и несигурности, особено не во тие нежни години. Слушајте добра музика, сакајте се, бидете нежни кон себе, наточете си чаша од омиленото вино вечерва и бидете задоволни и среќни! Е, за тоа не постои апликација! Ве сака вашата Беквалчева.

Слични објави

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо
Се вчитува....