32.8 C
Скопје
20:02 - 22 август, 2026

Напорни тренинзи, одрекувања, дисциплина – Натали Портман имала сурови подготовки за улогата во „Црниот лебед“ која ѝ донесе Оскар

Актерката Натали Портман досега одиграла бројни забележителни улоги, а една од најпознатите секако е онаа во психолошкиот трилер „Црниот лебед“.

Со оглед на тоа што глумела балерина, морала напорно да тренира, а подоцна открила низ што сè поминувала подготвувајќи се за улогата на амбициозната Нина Сејерс.

„Обично денот го започнувавме со шест километри пливање, краул и градно. Потоа следуваа два часа балетски вежби и тренинг за сила“, рекла таа, пренесува „Unilad“.

Нејзиниот лик во филмот се подготвува за главната улога во „Лебедово езеро“, а Портман рекла дека напорните тренинзи ѝ помогнале подобро да ја разбере Нина и ина низ што таа поминува.

„Физичката дисциплина навистина ми помогна да ја разберам емотивната страна на ликот. Добивате чувство за начинот на живот на една балерина, кој подразбира само вежбање. Не пиете, не излегувате со пријателите, не јадете многу и постојано го изложувате телото на екстремна болка“, изјавила актерката.

Улогата во „Црниот лебед“, како и напорните осумчасовни тренинзи, одрекувањата и макотрпната работа, ѝ донеле на Натали Портман Оскар во 2011 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalie Portman (@natalieportman)

Инаку, Натали Портман денес повторно е во центарот на вниманието и поради приватниот живот – актерката го очекува своето трето дете, прво со францускиот музички продуцент Танги Дестабл. Таа во април ја потврди бременоста, а неодамна сподели и фотографија со својот труднички стомак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalie Portman (@natalieportman)

Слични објави

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Еспресо

(Фото+видео) Јаков Јозиновиќ објави фотографии од летувањето: „Најдобар одмор досега, со пријатели“

Еспресо

(Фото) Рушка Јакиќ го покажа своето лице без шминка во деветтата деценија од животот

E.A.

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ го оперираше носот?

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ блеска после одморот со својот партнер Лазар Ристовски – актерката се пофали со промената на изгледот

Еспресо

„Најважно ми е да имам време за моите деца“: Ребека Јанковска-Ристески за луѓето што остануваат и моментите што се скапоцени

Еспресо
Се вчитува....