11.8 C
Скопје
13:45 - 27 октомври, 2026

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Популарната пејачка Надежда Биљиќ гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, каде што отворено прозборе за најтешките и најубавите моменти од своето минато. од драматичното раѓање како предвремено бебе, преку сиромашните деведесетти и музичките почетоци, па сè до шокот што го доживела со ненадејната слава во „Ѕвездите на Гранд“.

Говорејќи за своето потекло и семејните денови во Ваљево, Надежда се потсети на периодот кога се нашла во два паралелни света:

„Завршив земјоделско училиште, експериментално одделение каде што имаше повеќе пракса. Ми се случувало на пример да работам до еден по полноќ — шминка, фризура, микрофон и штикли — а веќе во 5.15 часот наутро, измиена, со тренерки и патики, да пешачам километар до училиштето. Од тој гламур наутро доаѓав во шталa и чистев по крави и свињи“, искрено раскажа пејачката, додавајќи дека иако било напорно, овој необичен спој на животи ѝ бил интересен.

Биљиќ се осврна и на своите почетоци во музиката, откривајќи дека нејзиниот талент бил забележан кога имала само шест години, но семејните финансиски можности во деведесеттите не дозволувале купување скапи инструменти, па така морала да свири виолина иако ја сакала класичната пијано-музика.

Посебно емотивен момент во разговорот беше нејзиното сеќавање на првиот голем излез на сцената во „Ѕвездите на Гранд“, каде што покрај огромната трема, ненадејниот товар на популарноста ја научил на сурови лекции:

„Прв пат тогаш почувствував што значи кога си познат и популарен. Тоа малку ме ‘изеде’, искрено да кажам, мислев дека сум многу важна. Ми требаа години за да сфатам дека не ми е секој пријател и дека луѓето ја искористуваа мојата искреност“, заклучи Надежда.

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova
Се вчитува....