15:38 - 16 ноември, 2026

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

Македонскиот музичар Мартин Филиповски, член на дуото „Некст тајм“, и неговата сопруга Андреа Белеска имаат посебен повод за радост. Нивната ќеркичка Лиана наполни две години, а гордите родители го одбележаа нејзиниот роденден со емотивна објава на социјалните мрежи.

Мартин и Андреа споделија видео составено од фотографии и снимки што го прикажуваат растењето на нивната ќерка во изминатите две години. Во компилацијата вклучија и моменти од роденденската прослава, која се одржала во домашна атмосфера.

Покрај видеото, родителите ѝ посветија и нежна роденденска честитка на малата Лиана.

„2 години, 2 лета, 2 зими, дали има поубаво од тебе во нив? Среќен роденден малечко“, напишаа Мартин и Андреа на Инстаграм.

Со оваа објава, двојката сподели дел од семејните спомени што ги создала откако Лиана пристигна во нивниот живот.

Да потсетиме, Мартин Филиповски и Андреа Белеска се венчаа во јуни 2023 година, а во октомври 2024 година за првпат станаа родители, кога се роди нивната ќерка Лиана.

Слични објави

Лила Филиповска: Немам кому да се докажувам, мојот мир ми е поважен од туѓото мислење

Еспресо

(Фото) Српската водителка доби подарок од 19.000 евра: Новото момче го крие од јавноста, а сега со објавата крена прашина 

Еспресо

Неделен хороскоп од 16 до 22 ноември: Страстите се разгоруваат, старите соработки се обновуваат, а некои знаци ги очекуваат изненадувања

Т.Ц.

(Видео) „Не е многу присутен во неговиот живот“ — Миа Костова за односот на Андрија со татко му

К.С.

Се породи Зорана Тасовац, сопругата на Саша Ковачевиќ: Стигна долгоочекуваниот син

E.A.

Марија Шерифовиќ го прослави 42. роденденот и ја напушти Србија: Со Јована Пајиќ донела одлука, ги промениле сите планови

К. А.
Се вчитува....