6.8 C
Скопје
08:47 - 1 април, 2026

Нада Топчагиќ во свој стил застана во одбрана на колешката: „И на Цеца и на Брена џабе им се парите, Вера изгледа најдобро!“

Пејачката Вера Матовиќ неодамна привлече големо внимание кога, на снимање на новогодишна емисија, остро реагираше на медиумските тврдења дека има 79 години, па дури најави и можност за тужба, нагласувајќи дека таквата информација не е точна. По овој настан, нејзината колешка Нада Топчагиќ јавно застана на нејзина страна и, во препознатлив стил, порача дека Вера изгледа подобро и од Цеца Ражнатовиќ и од Лепа Брена.

Според Нада, Матовиќ е жена која и денес зрачи со убавина.

– Ѝ реков пред некој ден: „Вера, тоа не ти треба, не можеш да го тужиш Гугл“. Не знам точно колку години има, но знам дека изгледа најубаво. Ми се јавуваат и Брена, и Цеца, и сите – прашуваат: „Каде се оперира Вера?“ Џабе ви се парите, кога Вера изгледа најдобро од сите вас. И јас така мислам. Заедно ја почнувавме кариерата и знам како изгледаше тогаш. Скоро седевме една до друга во РТС и ја прашав каде оди и што прави со лицето, а таа ми рече: „Ма што зборуваш, дали си нормална?“ Многу ја сакам Вера. Кога го родив Микица, никој не ми донесе подароци како што ми донесе таа – изјави Нада, пренесува „Информер“.

Потоа, Топчагиќ се пожали и на начинот на кој медиумите ја фотографираат, особено без обработка.

– На 27 години се сликав за „ТВ ревија“ и фотографиите беа средени. А сега ќе дојдете и ќе ме сликате како чудовиште. Затоа бегам од вас како ѓавол од крст. Скоро имав еден крст, замалку да се сликам со него, па си реков: „Не, ќе се вмеша црквата“. Не ги сакам снимањата, тоа не ме интересира. Кога бев млада и личев на Мерилин Монро, ми беше мило, сега не. Сега се боцкаш насекаде и после не можеш ни да станеш. Еднаш реков лицето да ми биде „испеглано“ како кај Брена, ама мислев само на силен филтер – искрена беше Нада.

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....