21:10 - 5 април, 2026

На Јелена Карлеуша ѝ се слоши среде настап, едвај остана на нозе: „Болката која во овој миг ја трпам е 10 од 10“

Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи и откри дека има големи болки и дека ѝ било многу лошо за време на настапот.

Пејачката Јелена Карлеуша, чии видеа од настапот неодамна направија хаос на социјалните мрежи, одржа концерт во Котор и направи забава за паметење, а потоа објави дека едвај стоела на нозе за време на настапот и дека ѝ е многу лошо.

Таа како вистински професионалец не сакала да ја разочара публиката, па останала на сцената до крај, иако, како што подоцна се огласи на Инстаграм, имала големи здравствени проблеми.

„Фала на сите кои дојдовте синоќа на настапот во Котор. Бевте фантастични. Ако забележувате чудно сум мирна. Никогаш во живот не ми било лошо како синоќа“, објасни Јелена на Инстаграм и додава:

„Едвај имав сила да се качам три скали од бината. Болката која во овој миг ја трпам е 10 од 10. Сепак стегнав заби и одработив поради вас, иако организаторите сакаа да одложиме. Брза помош по настапот не дозволив да повикаат зашто изгледав ужасно! Попрво би умрела отколку некој таква да ме види. За среќа, преживеав. Ова го напишав за да знаете…Некогаш ние во оваа работа пееме и го забавуваме народот и тогаш кога никој не знае дека ни е лошо. Крвава работа, особено за нас жените“.

(Видео) Направи хаос: Јелена Карлеуша дојде во проѕирен фустан, фановите ја снимија што носи под него

Слични објави

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....