12:17 - 3 април, 2026

На 29 години почина синот на пејачот Енес Беговиќ – „не можам да ја опишам болката, сите сме во шок“

Ненадејно почина Армин Беговиќ (29), син на познатиот фолк пејач Енес Беговиќ (58), потврди „Аваз.ба“.

Армин Беговиќ денеска ја загуби битката на животот во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а наскоро требаше да стане татко, потврди и менаџерот на пејачот за српска „Република“.

– За жал, информациите се точни. Нашиот Армин почина. Верувајте ми, не сме свесни дека тоа се случи. Енес е во никаква состојба, што да ви кажам, сега остана само ќерка му… Сопругата на Армин треба да се породи за неколку дена. Болеста што ја имаше претходно се врати, повторно почна, некоја автоимуна болест. Беше во болница, во Сараево. Енес беше цело време со синот, особено во последните неколку дена, не се одделуваше од него и од креветот, бидејќи сè повторно се влоши. Беше со него до последен момент… Сите сме шокирани, верувајте. Енес не може да зборува, не можам да ја опишам болката. Сите умревме со Армин – рекол менаџерот за „Република“.

Најблискиот соработник на Енес вели дека на Армин му се вратила автоимуната болест од која претходно боледувал, а тој до последниот здив бил со својот татко и починал во неговите раце.

Армин живеел во Сараево и според последните достапни информации работел во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....