21:28 - 5 април, 2026

Мојот живот доби вистинска смисла: Лична приказна на Адријана Алачки

Адријана Алачки обкавуи емотивна приказна за својата ќерка Грациела, нејзината постара ќерка која е мажена за музичарот Игор Димовски и ја имаат ќерката Јана.

-На денешен ден пред 37 години, светот стана поубав, а мојот живот доби вистинска смисла. Среќен роденден на моето сонце, на мојата неизмерна среќа, на мојата прва радост и мојата најголема гордост! ГРАЦИ.
​Ти не си само моја ќерка, ти си мојата душа и мојот здив. Горда сум на жената во која израсна, мајка, сопруга— силна, мудра и достоинствена, а сепак со толку нежно и чисто срце. Твојата добрина е мојот најголем успех, а твојата насмевка е мојата секојдневна сила.
​Ти благодарам што си мојот најголем потпирач и што секој ден ме правиш најсреќната мајка на светот. Ти посакувам небото да ти биде граница, а патот секогаш да ти биде посипан со здравје и безусловна љубов.

​Биди ми секогаш вака посебна и уникатна. Те сака мама бескрајно, до небото и назад! Среќен 37-ти роденден, мила моја- објави пејачката и водителка на емисиите „Везилка“ и „Вкусот на традицијата“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....