23:45 - 2 април, 2026

Браво Славица! – младата струмичанка го маѓепса жирито на „Ѕвездите на Гранд“ ВИДЕО

Славица Ангелова има 20 години, студира медицина и по потекло е од Стрмица. Ова млада убава девојка синоќа на музичкото шоу на таленти „Ѕвездите на Гранд“ воодушеви со својата интерпретација и освои осум гласови од жирито.

„Бродот што тоне“, песната на Тамара Тодевска Славица ја испеа без грешка со многу емоции и го предизвика Ѓорѓе Давид, кого таа го одбра за свој ментор, да изјави дека одамна никој го нема така изненадено и израдувано, по појавата на Џејла Рамовиќ вo претходните сезони.

Славица откри дека претходно настапувала и во шоуто „Некoи нови клинци“.

Таа се двоумеше меѓу Марија Шерифовиќ и Ѓорѓе Давид, но сепак на крајот се одлучи ментор да и биде познатиот рокер.

Слушнете како пее младата струмичанка во видеото од целата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ – интерпретацијата на Славица може да ја слушнете во 54: 55 минута.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....