Елена Ристеска повторно ги „заскокотка“ социјалните мрежи со новата фотосесија која ја објави на нејзиниот инстаграм-профил.
На фотографиите, таа позира во софистицирана црна комбинација, надополнета со проѕирни ракавици и впечатлив накит, оставајќи силен впечаток со минималистички, но моќен изглед. Шминката е во природни тонови, со акцент на очите и усните, додека фризурата со шишки ѝ дава дополнителна доза мистичност.

Фановите и пријателите реагираа, коментирајќи дека изгледа одлично, и многумина дадоа комплименти за шминката и за фризурата.
Ова не е првпат таа да привлече внимание со својот изглед, но со секое ново појавување, Елена носи нова свежина.
Инаку, таа настапи на отворањето на Саемот за козметика од каде што објави видео, а таму е облечена во бел асиметричен фустан.
View this post on Instagram
