20:59 - 2 април, 2026

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Партнерката на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, преку социјалните мрежи сподели дел од семејната атмосфера по раѓањето на нивната ќерка Лола, но и на духовит начин „се пожали“ од сопругот, додека јавно ѝ се заблагодари на свекрвата Снешка за неизмерната поддршка.

Популарниот водител, кој на 50 години стана татко по третпат, неодамна го доби второто дете од бракот со Мина. Двојката ја крсти ќерката Лола, а Мина на Инстаграм објави неколку фотографии од нивното секојдневие со бебето.

Таа откри дека постариот брат Перун не ја крие љубовта кон сестричката.

„Перу ја обожава својата сестричка, се смее секогаш кога ќе ја види, ја гали и плаче ако таа плаче“, напиша Мина.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Во продолжение, таа во шеговит тон прокоментира дека со сопругот „можела и подобро да помине“, но затоа добила свекрва од соништата.

„Со мажот можев и подобро да поминам, ама со свекрвата никако! Драга наша Снешка, нека секој ден ти биде прекрасен ден! Фала за сè“, порача Мина, објавувајќи фотографија од мајката на водителот.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Поддршката од мајка му за Огњен има особено значење. Неговиот татко, Зоран Амиџиќ, беше убиен во октомври 1991 година, кога водителот имал само 16 години. Тогаш, како што и самиот има раскажувано, презел дел од обврските во домот и рано созреал.

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....