16:06 - 23 јануари, 2026

Милица Павловиќ се сели од Србија – Купува стан од 500.000 евра!

Милица Павловиќ одлучила сите свои заштеди да ги инвестира во недвижности, во Атина. Како што дознава Информер, нејзиниот план е следната година нејзината нова адреса да биде во населбата Колонаки во грчката престолнина.

– Милица долго време планираше да купи стан во Грција, но нејзините пари секогаш одеа на друго место. Сè инвестираше во скапи песни и музички спотови, а сега одлучи дефинитивно да си купи нов дом, во Атина! Сите бевме изненадени кога ни го кажа тоа, бидејќи е многу поврзана со Белград… Ја убедувавме да се предомисли, но таа она што ќе го засрта, мора да го оствари – вели извор близок до пејачката за Информер и додава дека Павловиќ пронашла трособен стан.

– Ангажирала агенти, кои ѝ понудиле трособен стан во луксузниот кварт Колонаки, па не е ни чудо што ќе мора да издвои половина милион евра за својот нов дом. Не размислувала долго, веќе патува за Атина следната недела за да ја плати аконтацијата! Многу е среќна и полна со позитивна енергија. Постојано вели дека ѝ е потребна промена, но никој од нас не очекуваше толку драстичен потег.

Грчкиот музичар Константинос Аргирос, кој ја поврзал Милица со агенцијата, ѝ помагал во изборот на стан.

– Милица има многу пријатели во Грција, а нејзиниот пријател Константинос Аргирос живее во Атина. Тој и неговата сопруга ѝ пронајдоа одлични агенти за недвижности. Милица ќе биде нивна гостинка сè додека самата не стане сопственичка на стан во Грција – вели изворот и додава дека Павловиќ ќе снима нови песни во Атина.

– На Милица ѝ се допаѓа и тоа што имотот е во близина на студиото на композиторот Фивос, кој веќе направи големи хитови за неа. Таа подготвува нов, шести студиски албум, а повеќето песни ги купила од овој грчки композитор! Ги обожава грчките мелодии, храната, плажите и затоа Атина е идеална локација за неа.

Павловиќ веќе има стан во Нов Белград, кој не планира да го продаде.

– Пред неколку години, Милица купи стан во луксузната населба Запад 65 во Нов Белград за 300.000 евра. Иако во иднина ќе поминува повеќе време во Атина, таа не планира да го продаде станот во Белград бидејќи често ќе биде тука поради кариерата. Покрај тоа, таа има и куќа во Гоњи Буниброд, која ја реновираше, но во последно време не можеше да оди таму поради бројни деловни обврски – ја завршува приказната изворот за Информер.

Слични објави

(Видео) По скандалозното однесување на Златните глобуси: Џенифер Лопез покажа дека има добра душа, му даде пари на бездомник

Еспресо

(Фото) Снежна идила: Милош Биковиќ ужива со сопругата и синот на Алпите, објавија прекрасни фотографии на Инстаграм

apostolova

(Фото) Кристина и Наташа Беквалац позираат на плажа, а околу нив плива ајкула

Еспресо

(Фото) Ќерката на Халид Муслимовиќ јавно му честиташе роденден: „Твојата мудрост е мој компас, а твојата прегратка мој дом“

Еспресо

(Фото) Сергеј Четковиќ со семејството на егзотична плажа: „Моите ќерки знаат дека се посвоени“

Еспресо

Сите детали од спогодбениот развод на Карлеуша и Душко: Покрај алиментацијата, Тошиќ мора да уплати 10.000 евра годишно за летување

E.A.
Се вчитува....