Композиторот и музички продуцент Александар Милиќ – Мили откри детали од својот приватен живот и призна дека во младоста користел марихуана.
– Сакам рејв журки, но таму навистина пијам само вода. Сè е до музиката, нема друго објаснување – мене музиката ме возбудува ненормално. Бев неодамна на еден рејв во Белград, но ја утнав вечерта. Бевме околу 40 луѓе во друштво, ние одиме на такви журки низ целиот свет. Тоа траеше цел викенд, јас бев во петок, а подобрата журка била во сабота, но си отидов дома околу четири и пол наутро. Не останав предолго – раскажа Мили со насмевка во поткастот „Вошткаст“, па продолжи:
– Сакам и да се напијам и да се забавувам, но никогаш претерано. Никогаш не сум пробал ништо од недозволени супстанции, освен марихуана, како што кажав. Пушев некое време како мал и тоа беше поврзано со музиката. Не сум од тие што излегуваат од дома под дејство и така функционираат. На рејвови немам потреба од ништо друго освен вода. Бевме неодамна во Париз на рејв, испив пет-шест шишиња вода. Музиката ми дава толку енергија што можам и по девет часа да играм. Кога ќе влезеш во ритам и атмосфера, само продолжуваш, а луѓето таму генерално се весели, има некаква хармонија. Никогаш не сум слушнал да се случила тепачка. Секако, има сè и сешто, но за многумина тоа е дел од забавата.
