Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ конечно безбедно слетаа во Белград, по една недела неизвесност и вистинска агонија додека се обидуваа да се вратат дома од Малдиви. Ѓогани не ја криеше огромната среќа што повторно е со своите најмили, а нејзините најнови емотивни моменти ја разнежија јавноста.
Штом стапна во Србија, Луна веднаш се фрли во прегратките на своето семејство, а колку сите биле загрижени за неа додека барала начин да се врати дома покажува и објавата на нејзината мајка, Анабела Атијас.
Луна на социјалните мрежи објави фотографија со мајка си, а Анабела покрај неа напиша трогателни зборови: „Ми се врати детето“.
Колку ѝ недостасувало семејството за време на стресното патување, Луна покажа и набргу потоа. Таа сподели прекрасна снимка со својата ќерка, а покрај видеото кратко, но силно порача: „Срцето ми е на место“.

Овие емотивни моменти покажаа колку на сите им олеснило што повторно се заедно.
Драматично враќање од Малдиви: За билети дале 6.000 евра
Да потсетиме, Луна и Марко на егзотичните Малдиви планирале да уживаат во одмор, но сè се претворило во вистински „пекол“ кога поради ескалацијата на безбедносната ситуација на Блискиот Исток не можеле да се вратат во Србија.
Како што истакнале, одморот им преседнал во моментот кога слушнале за првите бомби, особено затоа што, според зборовите на Луна, туристичката агенција преку која патувале ги оставила сами да се снаоѓаат во обидот да се вратат дома.
