Младата пејачка Мелани Тарчуловска искрено прозборе дека нејзиниот татко Јохан го ставил на тест дечко ѝ со кого е пет години во врска.
Иако денес имаат одличен однос, Јохан Тарчуловски, на почетокот на нивната врска подготвил вистински „тест за издржливост“ за новиот зет.
Мелани во емисијата „Нешто конкретно“ раскажа дека нејзиниот татко првично имал проблеми да го прифати фактот дека неговата ќерка има сериозна врска. Само еден месец откако се запознале, тој решил да му даде задача на момчето која ретко кој би ја прифатил.
„Нè прати двајцата долу во гаражата. Имаме едно мало фрижидерче таму каде што чуваме замрзнато месо. Беше старо, валкано и мирисаше лошо … крв на сите страни. Татко ми ни даде ултиматум: мора да ја исчистите целата гаража и фрижидерот, и тоа со голи раце, без ракавици“, се присети Мелани.
Иако ситуацијата била непријатна, партнерот на Мелани со голи раце го чистел нередот, додека татко ѝ набљудувал дали ќе го помине овој необичен тест на карактерот.
По неколку часа поминати во чистење на гаражата, Мелани и нејзиното момче се качиле во станот, а потоа се случила уште поинтересна сцена.
„Се качивме во кола, беше во шок. Татко ми седна напред, а ние одзади. Тргнавме на пијачка во центар и татко ми воопшто не му правеше муабет, само кратко одговараше на неговите прашања: ’Добар сум, фала, пријатно‘“, раскажува пејачката.
Иако почетокот бил со строги критериуми, денес ситуацијата е целосно променета. Мелани со гордост вели дека нејзиното момче успешно го поминало секој тест и дека денес тој и нејзиниот татко се најдобри пријатели.
„Сега се толку блиски што можат сами да одат на одмор, јас воопшто не им требам“, вели низ смеа пејачката.
View this post on Instagram
