7.8 C
Скопје
21:44 - 31 март, 2026

МЕГАН МАРКЛ И ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ПАКУВААТ: Ќе патуваат во Европа, но сепак нема да стигнат до Лондон

По подолга пауза од патување надвор од Америка, Меган Маркл и принцот Хари се подготвени за прекуокеански лет. Крајната дестинација – Холандија, а причината е добро позната.

Како што потврди портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл ќе му се придружи на принцот Хари во Холандија во првите денови на овогодинешните „Invictus Games“, меѓународен спортски настан основан од внукот на кралицата во чест на ранетите војници и ветерани.

Овогодинешните „Invictus Games“ ќе се одржат од 16 до 22 април во Хаг, Холандија. Ова не е прва средба на Меган Маркл со овие игри. Имено, игрите Invictus, одржани во 2017 година во Торонто, беа местото на нивното прво официјално појавување во јавноста како вљубен пар. Само два месеци подоцна, парот ја објави свршувачката.

Инаку, овогодинешните игри во Холандија требаше да се одржат во 2020 година, но поради пандемијата на коронавирус беа одложени.

Интересно е тоа што Хари постојано го одложува своето враќање во Лондон, оправдувајќи се дека таму не се чувствуваат безбедно и дека им треба дополнително осигурување, додека на повикот од Холандија веднаш одговори потврдно.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....