7.8 C
Скопје
00:04 - 31 март, 2026

Медведев за Пелоси: сега недовербата кон САД е „колосална“; „САД направија сè за да ги истенчат нервите на Кина и да ја принудат на драстични, непромислени чекори“

По посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван, „недовербата кон САД ќе стане колосална“, а безбедноста во Азија „драматично ќе се влоши“. Ова е анализата на потпретседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев, кој во интервју за Риа Новости ги коментираше долгорочните последици од мисијата на Пелоси во Тајпеј.

„Ова патување е јасна и целосно злонамерна провокација. Акција која директно ја поткопува меѓународната безбедност во Азија. Трик на американските власти, кои се целосно обземени од сопствената неказнивост“, објаснува Медведев во интервјуто и продолжува.

„Соединетите Американски Држави направија сè за да ги истенчат нервите на Кина и да ја принудат на драстични, непромислени чекори. Во медиумите и на социјалните мрежи имаше активна ескалација на страстите. И сето тоа беше направено, како и обично, со безобразен американски цинизам. Беше употребена сосема двосмислена реторика. Да, ние сме за обединета Кина, но – во исто време – ние сме за демократија, против автократија, а САД „ќе го поддржат Тајван во обидот да изгради независна држава“. Ова е резиме на ставот на претседателката и другите американски дипломати. Со други зборови, формално заговарајќи немешање во кинеските работи, за принципот „една Кина“, на секој можен начин ќе ги поттикнеме сепаратистите. Типичен американски пристап како кон другите земји. Така беше во Југославија за време на нејзиниот колапс, така беше и во однос на Русија во 90-тите, така беше и на други места“, објаснува Медведев во интервјуто за Риа Новости.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....