00:23 - 9 април, 2026

(Видео) Марко ја однесе Луна на Малдиви за 30. роденден: „Мојот маж си го исполни ветувањето“

Поранешните ријалити-учесници Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ моментално престојуваат на Малдиви, каде што Марко ѝ приредил изненадување на сопругата за нејзиниот 30. роденден. Патувањето, како што открија, било негов подарок и долго најавувано ветување.

Двојката има две ќерки, Миа и Лана, а следбениците ги насмеа нивното објаснување како им кажале дека заминуваат.

„Миа го виде пасошот и праша каде одиме. Ѝ рековме дека мама и тато одат во Крушевац нешто да завршат неколку дена и дека ќе ѝ донесеме нешто убаво“, раскажа Марко, додавајќи дека девојчето сè уште не е свесно дека ќе ги нема една недела.

Луна не ја криеше радоста: „Ми требаше ова. Пресреќна сум што конечно одам на Малдиви. Ова ми го подари мажот за 30. роденден“/

Сместени се во вила директно на плажа, на остров наменет само за возрасни, со услуга од пет ѕвезди. На креветот ја дочекала и романтична порака: „Око, среќен роденден. Марко“.

Луна неодамна јавно зборуваше и за бракот, истакнувајќи дека во моментов не би можела да прости неверство.

„Подобро е да се живее во здрава и нормална семејна средина, отколку по секоја цена да се остане во брак без среќа“, изјави таа, додавајќи дека децата најмногу страдаат кога односот меѓу партнерите не функционира.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....