21:00 - 5 април, 2026

Марија Шерифовиќ сепак не е бремена, но прашува: „Кој најмногу ви оди на нерви?“

Instagram

Во текот на вчерашниот ден се појави веста дека пејачката Марија Шерифовиќ е бремена. Во врска со ова, српските новинари го контактираа тимот на пејачката.

– Тоа не е вистина. Бременоста не е нешто што може да се сокрие. Изворот ве излажал – изјавија од тимот на Марија Шерифовиќ.

Во меѓувреме, Марија на својот популарен влог на Јутјуб, наместо да се занимава со трачевите за неа, се позанимава со тоа што актуелно го работи, па ја пренесе атмосферата од бекстејџот на „Ѕвезде Гранда“.

Пејачката се сними од студиото на „Ѕвезде Гранда“ кое во последно време е во центар на вниманието поради „војната“ со Јелена Карлеуша.

„Денес кај мене е телефонот со профилот на „Ѕвезде Гранда“. Не сте свесни каква грешка направивте, ама добро – рече со насмевка, а потоа откри дел од атмосферата на жирито. Потоа направи и анкета.

„Кој најмногу ви оди на нерви од членовите на жирито?“ – праша Марија. Вети дека наскоро ќе ги објави и резултатите од анкетата.

Слични објави

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....