Пејачот Дадо Топиќ веќе долго време успешно владее со рок сцената, зад него стојат бројни хитови, а го обожаваат и старите и новите генерации.
Сепак, некои не знаат дека тоа му е само уметничко име на пејачот.
Имено, неговото вистинско име е Адолф, а тој во една прилика проговори зошто го добил ова име.
-Тоа било само четири години по завршувањето на Втората светска војна, во времето кога името Адолф воопшто не било популарно. Признавам, иако тоа е моето име, не стана попопуларно ни со текот на времето, но во 1949 година било навистина необично да го наречеш синот Адолф – ја започна Дадо приказната за Јутарњи.хр.
-Приказната за моето име всушност е многу едноставна. Најдобриот пријател на татко ми, кого го паметам како еден од најдобрите и најквалитетни луѓе што сум ги сретнал во животот, беше Евреин по име Адолф. По професија беше стоматолог, а татко ми кој на Адолф му должел многу поради добрите дела што му ги направил во животот, долго време пред моето раѓање му ветил дека ако има син, ќе го крсти детето по него – раскажа пејачот.
-Адолф, значи, ми беше кум. Иако повоените времиња биле тешки, татко ми бил тврдоглав. Не доаѓало предвид, иако многумина го убедувале, да ми даде друго, „попитомо“ име, па рекол: „Ќе биде Адолф“, и така јас сум станал Адолф – рекол Дадо, признавајќи дека имал многу непријатности во животот поради неговото необично име.
View this post on Instagram