Огнен Здравковски за првпат се отвори за својот љубовен живот, а раскажа и интересна приказна поврзана со неговата мајка, Софче Џорлева
Популарниот македонски пејач Огнен Здравковски, во емисијата „Нешто конкретно“ откри интересни детали за својот приватен живот и односот со неговата мајка кога станува збор за девојките. Иако во моментов рече дека е „соло“, тој се потсети на една ситуација која покажува дека од будното око на мајката ништо не може да се скрие.
Огнен се присети како на почетокот на една своја претходна врска се обидел да ја задржи приватноста, не сакајќи веднаш да ја запознае мајка си со девојката со која тогаш се гледал.
„Мајка ми ме прашуваше: ’Дај да ја видам, покажи ми некоја слика‘. Јас ѝ велев: ’Нема потреба да ја видиш моментално, ако треба да ве запознаам, ќе ве запознаам‘“, открива Огнен.
Сепак, неговата мајка, познатата пејачка на народна музика, не чекала на официјално претставување. Со вистински детективски вештини, таа успеала самата да ја пронајде девојката.
„Не знам како успеала, ама си ја нашла сликата сама. Ме прашува: ’Оваа ли е?‘. Јас се зачудив: ’Од каде бе човек?‘. А таа ми вели: ’Ете гледаш, јас кога сакам, сè дознавам‘“, низ смеа рече пејачот.
Освен што ја пронашла, неговата мајка веднаш почнала да се распрашува за деталите, од каде е девојката, што работи и какви се нејзините намери. Иако Огнен се обидувал да ја го избегне овој разговор, на крајот се покажало дека мајчинскиот инстинкт бил во право.
Кога врската завршила, реакцијата на неговата мајка била кратка и јасна: „Знаев дека не е за тебе!“
За сите обожавателки, Огнен рече дека во овој момент нема девојка. „Моментално сум слободен, немам девојка“, откри пејачот.
