11:50 - 12 април, 2026

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Пејачката Маја Николиќ сподели убави вести од приватниот живот. Во интервју за емисијата „Старс специјал“, таа откри дека е свршена и дека наскоро планира свадба.

Николиќ го покажа и вереничкиот прстен, откривајќи дека не станува збор за скап накит, туку за симболичен гест.

„Вереничкиот прстен е прекрасен, иако е од пластика. Не ми требаат дијаманти кога имам човек со срце како дијамант. Љубовта е нешто свет“, изјави таа.

Пејачката нагласи дека и по венчавката не планира да носи скап накит, бидејќи, според неа, вредноста на врската не се мери со материјални работи, туку со емоции.

„Го најдов вистинскиот маж. Убав, згоден, успешен, на мои години. Никогаш не сум сакала помлади мажи и тоа нема да се промени“, додаде таа.

Фото: Скриншот

Николиќ истакна дека нејзиниот партнер не е дел од јавниот живот и не сака медиумска експонираност, а таа свесно се труди да ја зачува приватноста.

„Блокирав повеќе од 250.000 луѓе на социјалните мрежи, затоа што не сакам несоодветни пораки. Јас сум мајка на два сина и знам што значат ред и граници“, рече пејачката.

Таа откри и дел од нивното секојдневие, кое, како што вели, е исполнето со едноставни, но искрени моменти.

„Стануваме рано, возиме ролери во пет и пол наутро, сакаме исти работи. Тој ми ја возвраќа љубовта и често ми пее песни што ги сакам“, вели Николиќ.

Осврнувајќи се на јавните реакции околу врските на нејзините колеги, таа ја поддржа и пејачката Мина Костиќ.

„Љубовта треба да се поддржува. Не разбирам зошто во 21 век се прави толкава драма околу тоа“, изјави таа.

Покрај приватниот живот, Николиќ најави дека активно работи на нов албум, за кој вели дека ќе биде „музички проект на кој публиката треба да биде горда“.

Таа упати и критики кон музичката индустрија, истакнувајќи дека, според неа, постојат двојни стандарди.

„Денес секој се нарекува пејач. Подобро е чесно да се работи, отколку лажно да се претставуваш“, рече Николиќ.

На крајот, таа се осврна и на случувањата во музичките натпревари, нагласувајќи дека почитта кон поискусните уметници мора да постои.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.
Се вчитува....