3.8 C
Скопје
22:50 - 26 октомври, 2026

„Лицето на Каспер е ледено“ – Пејачката удри по вереникот на Мина Костиќ, а за колешката вели дека никаде ја нема

Односот меѓу Мина Костиќ и нејзиниот партнер Каспер предизвика бројни реакции во јавноста, а неодамна пејачката Зорица Марковиќ во интервју го коментираше овој пар. Таа за Каспер немаше ниту еден убав збор.

Зорица изјави дека вереникот на Мина не ѝ влева доверба и дека својата колешка ја смета за многу наивна.

„Мина е секогаш некаде тука, а никаде ја нема. Одамна нема снимено ништо, а е убава жена и убаво пее. Мене овој човек не ми се допаѓа, неговото лице нешто ми зборува. Нека е жив и здрав, им посакувам среќа ако се заљубени, но неговото лице ми е многу чудно, ледено… не знам, предизвикува нелагодност во мене. Тој доминира во сите емисии“, изјави Зорица за Каспер.

Таа изрази сомнеж во искреноста на нивната врска, вели дека нешто не е како што треба, па се надворза:

„Им посакувам да го остварат тоа што го замислиле, но не верувам многу во тоа. Ако сакаш една жена, зошто би се враќал некаде? Не знам дали Мина го знае неговиот вистински статус, можеби има жена, деца… Жал ми е, Мина е добар човек, но многу е наивна. Се надевам дека нема повторно да доживее дебакл“, заклучи пејачката.

Зорица имала несреќни љубови

Потсетуваме, Зорица во една прилика откри дека двајцата сопрузи ја изневериле.

„Првиот маж ме изневери само еднаш и никогаш повеќе, а вториот повеќепати. Еднаш го фатив и тоа беше крајот. Тогаш ја издавав дијамантската плоча, сè одеше одлично во кариерата. Не можам да кажам дека не го сакав, но не можев да му простам. По завршувањето на една промоција, полна со цвеќиња и подароци, отидов дома, но ѓаволот не ми даваше мир и ја открив измамата“, раскажа претходно Марковиќ.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....