3.8 C
Скопје
23:22 - 20 декември, 2024

Летни освежителни напитоци: Витамински шок, розова лимонада, сок од лубеница

Топлото време ја зголемува потребата од додатен внес на течности. Токму затоа најдобро е да пиете поголеми количини вода, сѐ со цел да се спречи дехидрирање на телото. Сепак, во вашето дневно задоволување на потребното количество течности, кои му се неопходни на телото за да функционира нормално, никако немојте да ги заборавите и билните чаеви како и напитоците направени од органски овошја и зеленчуци.

Избегнувајте газирани пијалаци

За да ги пребродите овие летни горештини полесно, а притоа на телото да му обезбедите доволно течности, во никој случај немојте да пиете газирани пијалаци. Во нивниот состав има огромна концентрација на шеќер, кој ќе придонесе кон дополнително засилување на чувството на жед. Покрај тоа, ваквиот вид течности ќе влијаат и врз наглото зголемување на нивото на шеќер во телото. Ваквата состојба може да придонесе кон влошување на здравствената состојба, независно од тоа на која возраст се наоѓате.

Подгответе освежителен сируп

Ако сте од оние што се грижат за своето здравје и внимаваат на испиеното количество течности во текот на едно деноноќие, но не сакате по цел ден да пиете само вода, овој сируп е како создаден за вас.
Покрај тоа што ќе ви ја изгасне жедта, тој истовремено, ќе помогне и во задоволувањето на потребното количество одредени минерали и витамини потребни на телото, а како најпозитивен ефект што ќе го постигнете со негово редовно пиење е тоа што тој ќе помогне во неутрализирањето на лошиот здив. Неговата подготовка е многу лесна и едноставна, па токму затоа најверојатно ќе го подготвувате секојдневно.
Станува збор за исклучително лековитиот сируп од нане.
За да го подготвите, потребно е да ставите 10 гранчиња свежо нане (одгледано во чиста и здрава еколошка средина) во еден литар обична вода, во која веќе имате додадено еден килограм шеќер, половина сечкан лимон и малку лимонтуз. Оставете ги сите состојки да отстојат околу 4 до 5 часа. Повремено промешувајте ги.
Бидејќи овој сируп ќе биде многу благ, треба да го разредувате пред секое пиење.

Розова лимонада

Овој напиток е нов на овие простори, а неговата подготовка сѐ уште не е широко позната. Ако сакате да експериментирате со вкусовите, задолжително подгответе го овој летен напиток.
За да ја подготвите розовата лимонада, потребни ќе ви бидат:
10 лимони
200 грама шеќер
200 грама малини
1,5 литри вода
Подготовка:
Исцедете ги лимоните, а потоа внимателно обидете се да ја изрендате кората. Потоа, во садот во кој ги складиравте сокот и ренданата лушпа, додајте го и шеќерот, а потоа и малините и зовриена вода. Убаво измешајте ги состојките, а потоа оставете водата комплетно да се излади.
На крај процедете го сокот и складирајте го во шише. За дополнително уживање во овој летен вкус, на розовата лимонада можете да ѝ додадете и исечкани парчиња лимон, малини и многу мраз. Вака подготвената чаша ќе биде декоративна и вкусна, а истовремено и освежителна.

Напиток од лубеница
Освен тоа што лубеницата можете да ја јадете како омилен летен десерт, неа можете да ја искористите и за подготовка на напиток од лубеница. Овој здрав и освежителен пијалак се подготвува лесно.
За подготовка на сокот со лубеница потребни ви се 400 грама лубеница исечкана на коцки, 750 милилитри вода, 2 лажички мед, 100 милилитри свеж сок од лимон, парчиња лимон и нане.
Лубеницата убаво изблендирајте ја, а потоа процедете ја. Сокот што на овој начин го добивте од лубеницата, ставете го во подлабок сад, во кој ќе ги додадете сите други состојки потребни за подготовка на овој рецепт.
Чашата во која планирате да го пиете овој напиток, декорирајте ја со листови нане и парчиња лимон.

Витамински шок

За да ги олесните последиците од непријатните високи температури, можете да ја подготвите и оваа т.н. витаминска вода, која се прави многу лесно. За неа ви треба:
400 грама боровинки
2 излупени и исечкани портокали
200 грама јагоди
1 излупен лимон исечкан на парчиња
1 голема краставица исечкана на парчиња
неколку листови босилек
3 литри вода
Подготовка: Измијте ги боровинките, излупете ги портокалите, лимонот, краставиците и сè друго ставете во бокал со три литри вода. Оставете го во фрижидер најмалку два часа и потоа уживајте во освежителен пијалак.
Цитрусот ќе ги елиминира токсините од телото, боровинката служи како извор на антиоксиданти, босилекот ќе го стабилизира шеќерот во крвта, а краставицата на вашето тело и лице ќе им даде освежителни минерали.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....