17:00 - 11 април, 2026

Лепа Брена за деновите на сиромаштија: „Јадев леб и јогурт, наместо колачи – леб и шеќер“

Лепа Брена е една од најбогатите жени на естрадната сцена денес, а во една прилика откри дека нејзината животна приказна на самиот почеток на кариерата била далеку од бајка.

– Благодарение на татко ми се заљубив во медицината, но тој факултет ни беше прескап. Затоа решив да се запишам на туризам на Природно-математичкиот факултет во Белград, открива таа.

– Во тој период тешко врзував крај со крај бидејќи животот во голем град беше скап. Не можев да си исполнам некои желби, класични студентски желби, на пример, да одам на екскурзија со колегите.

– Јадев леб и јогурт, а ако сакав нешто слатко, тогаш ќе додадев шеќер – рече Брена во една прилика, а потоа истакна дека во најтешкиот период се вратила во семејниот дом, бидејќи повеќе не можела да ја издржи сиромаштијата.

– Стоев на автобуската станица тажна и очајна. Небото беше сиво со мрачни облаци. Почна да врне, а автобус немаше на повидок. Едно мало куче дојде до мене, ме погледна тажно и се стутка пред моите нозе. Гром блесна и гром удри, и се чинеше дека нешто ми се расчисти во главата. Решив да ја земам судбината во свои раце. Го дочекав автобусот, отидов во станот да се пресоблечам, го зедов куферот и се вратив во Брчко – изјави пејачката за српски „Информер“.

Да потсетиме, деновиве трансформацијата на Брена создаде хаос на социјалните мрежи, а пејачката за првпат не е русокоса во својата повеќедецениска кариера.

(Фото) Лепа Брена по 40 години го смени имиџот: Непрепознатлива, луѓето ги „тријат очите“ додека ја гледаат

Слични објави

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо
Се вчитува....