12.8 C
Скопје
15:09 - 24 март, 2026

Легендарниот рок бенд „Аеросмит“ ќе се збогува со публиката, најавува незаборавни концерти

Проштална турнеја со која се заокружува петдецениска работа, најави легендарниот американски рок бенд „Аеросмит“.

„Ова не е збогум, туку мирно излегување. Бидете подготвени, ќе ги добиете најдобрите концерти на нашите животи“, соопшти групата, чии членови се веќе во свои 70-ти години.

Турнејата содржи 40 датуми во Северна Америка, почнувајќи од Филаделфија на 2 септември, но засега не е најавено дека групата за последен пат ќе дојде и во Европа.

„Мислам дека е време. Ова е шанса да прославиме 50 години заедничка работа. Никогаш не можеш да знаеш уште колку долго ќе бидеш здрав за да го правиш ова“, изјави гитаристот Џо Пери, еден од основачите на групата во 1970.

Минатата година, „Аеросмит“ откажа дел од настапите во Лас Вегас откако 75-годишниот пејач Стивен Тајлер отиде на рехабилитација.

Слични објави

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

„Докторите ми ветуваа брза смрт“ – Ведрана Рудан за борбата со ракот: Две години умирам, а ништо не се случува

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.
Се вчитува....