15:21 - 12 април, 2026

Ламбе се враќа во Америка каде што живееше пет години

Ламбе Алабаковски пак се враќа во Америка, од каде што со сопругата и со синот се врати во Македонија во 2021, а таму живееше пет години.

Пејачот на својот инстаграм-профил објави дека за Стара Нова година ќе пее во Америка, во хотелот „Хард рок“ во државата Флорида, со уште неколку музичари од Балканот на 13 ноември.

Фото / Инстаграм

-Дома чувството е неописливо со зборови. Благодатно, исполнето, душата на место и секако носталгијата е побиена, ја снема! Среќни сме сите многу , кога си отсутен повеќе време учиш сè повеќе да цениш што е татковина и дом- рече Ламбе кога се врати од Америка.

Со сопругата и со синовите, тој сега живее во Битола и често настапува низ Македонија.

-Татко ми е веќе пензионер и секогаш е на мојата страна и поддршка за сѐ, често знаеме и заедно да музицираме, да пееме така се одржуваме и во добра кондиција. Мило ми е што е вљубеник во природата и планината- рече Ламбе за татко му кој живее во родното село Љубојно, во едно интервју за „Слободен печат“.

 

Слични објави

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо
Се вчитува....