9.8 C
Скопје
21:33 - 19 февруари, 2026

Крис Хемсворт: „Го променив животот кога открив генетска предиспозиција за Алцхајмерова болест“

Актерот беше подложен на тестови за време на снимањето на серијата „Limitless“: а медицинските тестови покажаа тенденција да развие Алцхајмер, предизвикан од двојната копија на генот наследен од родителите.

Актерот Крис Хемсворт (39), кој го игра Тор во сагата за Марвел, откри дека по клиничката анализа открил предиспозиција за Алцхајмерова болест. Актерот беше подложен на тестови за време на снимањето на серијата Limitless: и медицинските тестови покажаа тенденција да го развие синдромот предизвикан од двојната копија на генот наследен од родителите, генот APOE 4.

Самиот Хемсворт, во долго интервју за Vanity Fair, објави дека ќе паузира од актерството. Хемсворт потоа нагласи дека не добил дијагноза Алцхајмерова болест, па така ги увери фановите за неговата моментална здравствена состојба:

„Не се пензионирам, не престанувам да глумам“. И објаснува: „Сега сакам да одам дома и да поминувам повеќе време со мојата сопруга и децата“.

Актерот вели дека се чувствува среќен затоа што може да почне да презема мерки на претпазливост за да управува со ризикот, да го одржува физичкото и менталното здравје и можеби да го избегне развојот на нарушувањето што е можно подолго.

Хемсворт е во брак со актерката Елса Патаки со која има три деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)

Слични објави

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....