16:42 - 11 април, 2026

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Кралицата Камила (78) се одлучи за популарен козметички третман – тетовирање на веѓи. Својот нов изглед, кој вклучува погусти и подефинирани веѓи, го покажа претходно оваа недела, а постапката ѝ ја правела познатата лондонска експертка Сузан Мартин. Станува збор за третман чија цена изнесува 1870 долари (околу 1720 евра), а е осмислен за да се постигне што поприроден изглед.

Постапката наречена Couture Brow вклучува исцртување на секое поединечно влакно на кожата со специјално пенкало за тетовирање. Пред самиот третман, секој клиент поминува детални консултации и избор на нијанса, а пигментот се внесува веднаш под горниот слој на кожата. Третманот се изведува во две сесии од по 90 минути, а за одржување на резултатите се препорачува освежување на секои осум до десет месеци по цена од 1070 долари (околу 980 евра). Освен со кралицата Камила, Мартин соработувала и со ѕвезди како Дуа Липа и Ели Гудинг.

Последниве денови веѓите на Камила изгледаат забележливо потемни, што е вообичаено веднаш по третманот. Имено, бојата на тетовираните веѓи на почетокот е најинтензивна, а со текот на времето избледува до посакуваната, поприродна нијанса.

Слични објави

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо
Се вчитува....