17:24 - 23 февруари, 2026

КОРТНИ КОКС ОТВОРЕНО ЗА ПЛАСТИЧНИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ ШТО ЈА УНИШТИЛЕ:„Лудо, не сакав да остарам, филерите се лудост!“

Глумицата од популарната серија „Пријатели“,  Кортни Кокс, отворено проговори за својата опседнатост со филери и пластични интервенции.

„Дотерувањата“ на Кортни Кокс отишле во погрешна насока, затоа глумицата од „Пријатели“ престанала да користи филери, нарекувајќи ги лудост.

Прилично долг период Кортни Кокс беше главна вест на страниците на таблоидите, но нејзините фотографии почнаа да служат и за потсмев на социјалните мрежи. Имено, Моника од Пријатели, во еден момент, изгледаше речиси непрепознатливо поради премногу филери на лицето што ги искривија нејзините црти и убави, препознатливи карактеристики.

Сега глумицата на „Shining Vale“, нова ТВ серија во која глуми, објаснува зошто отишла предалеку со естетската медицина и зошто во одреден момент одлучила да престане.

Хируршките интервенции биле своевиден одговор на средовечната криза која ја почувствувала, и одеднаш почнала да гледа на своето лице со презир, поради нормалните биолошки промени и појавата на брчките. Актерката објасни дека со филери се обидела да го задржи младешкиот изглед, но дека сфатила дека претерала, откако повеќе ни сама не можела да се препознае.

„Имаше време кога мислев дека се менувам и изгледам постаро.

Со години се обидуваВ да ја бркам младостА. Не сфаќав дека со инјекциите всушност правам само да изгледам навистина чудно, денес такви работи не би направила“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Слични објави

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо

„Колку килограми се здебели, веќе немаш врат?!“: Сара Јо без шминка и во пижами одговори на грубото прашање

Еспресо

Уапсена малолетничката која гасела цигари на јазикот на брутално мачениот син на Снежана Ѓуришиќ

Еспресо

„Пиев таблети за смирување“ Снежана Ѓуришиќ скршена за својот син кој беше брутално претепан

Еспресо

(Фото) Најдрското издание на Наташа Беквалац: Облечена во боди-танга ги покажа тетоважата и задникот

Еспресо

Неверојатно: Азис собрал над 1 милион евра од своите концерти

E.A.
Се вчитува....